Оние кои ја посетуваат најстарата црква во Луцерн, Швајцарија, можеби ќе бидат изненадени кога во исповедалницата ќе ги дочека холограм со вештачка интелигенција на Исус Христос.
Капелата Свети Петар во Луцерн работеше со Лабораторијата за истражување на виртуелната реалност на градскиот универзитет HSLU за оваа експериментална уметничка инсталација која има за цел да постави прашања за можностите и ризиците поврзани со употребата на вештачката интелигенција во црквата.
Луѓето можат да комуницираат со холограмска претстава на Исус која наводно на корисниците им се обраќа со „Мир со тебе, брат“ (без разлика на полот на личноста) и ги охрабрува да разговараат за „што и да ти го мачи срцето денес“.
„Насловот на инсталацијата – Deus in Machina – сугерира божествена сезнаење и мудрост. Таа е намерно провокативна“, рече Марко Шмид од капелата Свети Петар.
„Љубопитните луѓе кои се подалеку од црквата особено ќе покажат голем интерес за размена на идеи со АИ Исус“, додаде тој.
Програмата ги охрабрува луѓето „критички да размислуваат за границите на технологијата во контекст на религијата“, според тимот, кој инсистираше на тоа дека поставувањето на инсталацијата во исповедалницата е практична одлука со цел да се поттикнат „моментите на интимност“ со холограмот.
Инаку, разговорите со АИ Исус, кој зборува 100 различни јазици, не се сметаат за признанија. Шмид изјави за Swissinfo дека програмата за вештачка интелигенција била обучена користејќи свети списи и теолошки текстови од интернет, оставајќи ја отворена можноста дека може да понуди библиски толкувања или духовни совети спротивни на црковното учење. Сепак, неговите одговори одговараа на теолошкиот поглед на црквата Свети Петар.
Сепак, многумина ја сметаат целата работа или смешна или многу навредлива.
„Ако забележите дека ме нема неколку дена, а потоа слушнете за пожар во црква во Швајцарија, сигурно немав никаква врска со тоа“, се пошегува еден корисник.