Во денешно време сме сведоци на многу приказни за тоа како двајца се запознале и се заљубиле, но еден жител на Нови Сад решил да ја најде својата сродна душа преку оглас.
Имено, на платформата „Редит“ неодамна се појави објава наречена „оглас за работа, девојка“ кој се состои од скриншот од објава на момче од Нови Сад кој детално објаснил што бара од идната девојка на Фејсбук-страницата „Работа Нови Сад“, како и што нуди тој.
„Барам девојка со полно работно време (да, добро прочитавте). Бидејќи овде се нуди сè, а имав успех со други реклами овде, зошто да не го барам и она што е важно во животот, вели младиот човек и ги набројува квалификациите што сака да ги има неговата идна девојка:
- Убава, паметна и интелигентна - добитна комбинација на шарм и интелигенција. Ако можете да се насмеете себеси, другите луѓе и да ги оставите без зборови, веќе сте на вистинскиот пат! Продолжете да читате понатаму
- Срце од злато, но повремено челични нерви (мојата смисла за хумор може да биде предизвикувачка и не многу често разбрана).
- Емоционално достапни и отворени за подлабоки разговори - за животот, филозофијата и сè помеѓу.
- Флексибилна - можете да го поминете викендот дома со филм, прошетка или дружење, но и да се забавувате цела ноќ кога ќе излеземе и ќе бидете кралица на подиумот.
- Без деца (но имате идеи да станете свесен и присутен родител во блиска иднина).
<b>Откако завршил со листата барања која ја сака кај својата избраничка, истакнал неколку ставки за него самиот.</b>
- Станбено обезбеден - нема грижи за покривот над главата.
- Двоен државјанин (скандинавски)
- висок 194 см
- Неодамна наполнив 40 години, но ретко кој ми дава повеќе од 33 (благодарам, благодарам!).
- Искуството од 13 години живот во 4 земји, што го збогати мојот поглед на светот. Пропатував малку низ светот и планирам да патувам понатаму - ако сте љубител на патувања, тоа е уште еден голем плус!
<b>Како што и секој оглас содржи услови за работа, така е и во овој случај: </b>
- На возраст си помеѓу 25 и 38 години (може да се пријават и помлади и постари, но ова е рамката).
- Флексибилно работно време, но присуството е задолжително кога сме заедно.
- Плаќање во љубов, внимание и авантури, со можност за унапредување на некоја повисока позиција.
<b>Како што понатаму вели, ова „полно работно време“ има и свои придобивки:</b>
- Бесплатна смеа, позитивна енергија и поддршка.
- Партнер кој знае да балансира меѓу сериозни разговори и луди идеи.
- Членство во заедница на „соседство“ и ВИП пристап кај комшиите кај кои секогаш можеме да оставиме клуч кога сме отсутни. Ако сакаш мачки, супер, затоа што имам една и живеам со неа веќе 10 години!
"Доколку мислите дека ги исполнувате условите и сте спремни за редовен работен однос, стапете во контакт! Испратете сериозни апликации во инбокс, шегите се добредојдени, а сериозноста се подразбира", го завршил огласот типот и на крајот ја додал својата фотографија.
Како што се очекуваше, многумина на Редит побрзаа да остават коментари, а некои искрено му посакаа среќа да ја најде својата сродна душа, додека други отворено го искритикуваа, што е и за очекување оти не размислуваат сите исто.