Минатата недела тој требало да одржи час по веронаука и да зборува за раѓањето на Исус, но некако приказната се префрли на Дедо Мраз. Децата, очигледно, не биле подготвени за „големото откритие“, пишува Дејли мејл.
Пред шестоодделенците изјави дека Дедо Мраз не е вистински, дека родителите купуваат подароци и слатки, а потоа ги оставаат под елката. Се тврди дека многу деца биле „потресени“ и плачеле.
Малите им кажале на родителите што слушнале, а нивната реакција била бурна. Тие го опишаа однесувањето на свештеникот како „погрешно“ и дека тој „ја уништил божиќната магија“.
„Не знам како може да се поправи ова? И мислам дека тоа е апсолутно одвратно“, рекла една мајка.
На крајот, свештеникот морал јавно да им се извини на децата, родителите и училиштето во Хемпшир.
„Откако зборуваше за Библијата, тој даде неколку коментари за потеклото на Божиќ. Ја сфати својата грешка и безрезервно им се извини на сите. Директорот на училиштето веднаш стапил во контакт со родителите“, соопшти епархијата Портсмут.