Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Скокнала од авион, но падобранот не ѝ се отворил- девојката сепак преживеала (ВИДЕО)

2 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Локалните медиуми јавуваат дека таа тој ден славела роденден и решила да скокне од авионот.

На видеото се гледа како три лица скокаат од леталото, а падобранот на еден не се отворил правилно.

Девојката немало да го преживее падот од 800 метри доколку падобранот не се зафатеше на дрвја во последен момент - а таа останала да виси.

Таа била пренесена во болница, каде лекарите ѝ констатирале повреди. Нема информации колку се сериозни, пренесува Gazeta.ru.

Девојката во паника наводно не го користела резервниот падобран, но преживеала и сега може да го прослави својот „втор роденден“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ