Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Поради немање струја одложени и откажани летови на аеродромот во Манчестер

23 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Голем број летови од аеродромот во британскиот град Манчестер се откажани или одложени откако прекин во напојувањето со електричната енергија во тоа подрачје предизвика големи нарушувања, изјави портпаролот на аеродромот.

За прекинот прв јави „Скај њуз“, кој соопшти дека има прекин со напојувањето со струја на аеродромот и во голем број други згради.

„Напојувањето со струја повторно функционира, но услугите ќе бидат засегнати во текот на денот“, се додава во извештајот.

„Патниците кои патуваат од терминалите 1 или 2 се советуваат да контактираат со нивните авиокомпании пред да пристигнат на аеродромот. Патниците кои треба да летаат од терминалот 3 треба да пристигнат на аеродромот како и обично, освен ако нивната авиокомпанија не ги советувала поинаку, но можни се доцнења“, рече портпаролот на аеродромот“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ