Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

10 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Неговите ерупции се гледаат од главниот град кој е оддалечен дваесетина километри. Туристите често ја посетуваат оваа локација, а посебно внимание привлекува пица мајсторот Дејвид Гарсија, кој ја подготвува познатата „вулканска пица“.

Имено, првата пица ја испекол во топла рерна на температура од 430 степени. Тој вели дека по неколку минути добил толку добар вкус што решил да развие метод на вулканско печење пица, а набрзо овој специјалитет станал вистинска туристичка атракција. Гостите меѓу вулканските карпи во редица чекаат пица, која Гарсија тенко ја растегнува на плех, а потоа ја става врз жешката лава што тече.

Температурата е најголемиот предизвик бидејќи, според Гарсија, таа варира од 800 до 1000 степени, што ја прави неговата „фурна“ за пица најжешка на светот, а секогаш постои ризик, вели тој, пицата да исплива од лавата.

„Продавав сè, од сладолед до зеленчук, но никогаш не мислев дека вулканот ќе биде почетна точка на мојот кулинарски успех“, рекол Дејвид, пишува „Њујорк Пост“.

Покрај тоа што тестото и состојките лесно можат да изгорат, подготовката и јадењето вкусна пица на активен вулкан носи одредени ризици.

„Во една прилика вулканот испушташе многу сулфур, па се спуштивме до базата. Ми течеше крв од носот, па паузирав 15 дена“, откри пица мајсторот.

„Дури кога почнав да ја јадам пицата, сфатив дека тоа е активен вулкан. Можеби тоа не беше најбезбедното искуство на моето патување, но пицата имаше навистина одличен вкус“, изјави американскиот турист Соџурнер Вајт.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ