Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Патник збесна и со чекан го скрши пултот на аеродром- му продале лажен билет (ВИДЕО)

30 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта кога мажот се обидел да се пријави за својот лет за Мајами. Откако вработен на аеродромот му рекол дека нема да може да се качи поради проблем со билетот, патникот одеднаш експлодирал од бес, пишува Њујорк пост.

На видеата снимени од случајни минувачи се гледа како градежниот работник, кој требало да застане во Мајами на пат кон Хаити, почнал да го уништува пултот.

Сите во ужас гледаа како човекот почнал да ги крши поставените телевизиски екрани со чекан, а потоа и компјутерските екрани на пултот за пријавување. Штетата што ја направил се проценува на околу 18 илјади евра.

Безбедносните служби брзо реагирале, го привеле мажот и го предале на полицијата. Портпаролот на Американ ерлајнс го потврдил инцидентот, нагласувајќи дека локалните власти биле повикани поради „грубо лице“ во лобито на аеродромот.

- Му благодариме на нашиот тим за професионалноста и им се извинуваме на нашите патници за непријатностите - изјави портпаролот, пишува New York Post.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ