Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Папата на маратонско патување: Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор, Сингапур

2 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Заминувајќи со авион од Рим, 87-годишниот поглавар на Католичката црква прво ќе ја посети Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот со над 240 милиони муслимани. Следни дестинации ќе бидат Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур.

Ова е 45-то патување на папата во странство и ќе биде насочено особено кон мирниот соживот меѓу различните религии. Само во Источен Тимор, третата станица на неговото патување, мнозинството од населението е католичко.

Со оглед на возраста и здравствената состојба на Франциско, кој сега често користи инвалидска количка, паузите меѓу неговите патувања во странство станаа подолги. Последното поголемо патување во странство го направи пред една година, кога ја посети Монголија.

Папата, кој е на функција веќе 11 години, ќе помине вкупно над 30.000 километри со авион на ова турнеја. Неговото враќање во Рим е планирано за 13 септември.

Посета на Луксембург и Белгија е планирана за следното негово патување кон крајот на месецот./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ