Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Паника во продавница за луксузна облека: Многу отровна змија лази по новата колекција (ВИДЕО)

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Имено, источната кафена змија (Pseudonaya textilis), која важи за втор најотровен копнен вид во светот, се криела меѓу полиците со новата летна колекција.

Работниците и клиентите биле евакуирани од просториите, додека фаќачот на змии Ден не ја „елиминирал“ заканата, пренесува UPI.com.

Внимателно ја зеде змијата со специјални држачи и ја стави во торба. На видеото се гледа дека таа се обидела да се сокрие под дрвена полица.

Овој вид најчесто се среќава во источна и централна Австралија, односно на југот на Нова Гвинеја. Повеќето примероци достигнуваат должина до 1,5 метри.

Се смета за втора најотровна копнена змија (зад тајпанот) и е одговорна за повеќе смртни случаи во Австралија од кој било друг вид.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ