Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Остров на мртвите – насекаде расфрлени човечки коски, најстрашно место во Европа (ВИДЕО)

3 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По должината на неговото крајбрежје, во текот на 18 и 19 век, биле закотвени „затворски бродови“, каде што луѓето издржувале казни и умирале во тешки услови.

Веќе можете да погодите што се случило со телата на починатите, било да се тоа возрасни или деца.

Во текот на 2016 година, на островот биле пронајдени посмртните останки на повеќе од 200 луѓе за кои се верува дека биле затворени во „пловечките затвори“ и починале таму.

Телата првично биле закопани во (необележани) дрвени кутии, но солената вода и ерозијата на крајбрежјето го направиле своето. Коски и черепи излегле на површината.

На ова место, веруваат истражувачите, жртвите на чумата го нашле своето последно почивалиште помеѓу 1656 и 1666 година.

Популарниот јутјубер Дара Тах неодамна го посети „Островот на мртвите“ за да ѝ покаже на својата публика бизарни детали.

„Ноќта ја поминав на локација полна со човечки коски. Мал мочурлив остров, каде што веројатно биле закопани жртвите од чума“, рече тој.

Тој објаснил дека ја чекал плимата, односно моментот кога можел да го истражува длабокиот песок, пренесува LadBible.

Немало потреба да се копа, бидејќи на површината видел остатоци од черепи и човечки коски.

„Боже, ова беше нечија нога, рака... Се плашам, не ми се верува колку има“, рече тој.

Островот е обележан со дрвени столпчиња, кои спречуваат ерозија и немаат никаква врска со „гробните маркери“, како што понекогаш се тврди.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ