Американската манекенка Синди Крафорд, живата манекенска легенда и еден од оригиналните супермодели од 90-тите, неодамна го прослави својот 58-ми роденден и е подеднакво божествена и воодушевувачка како и во деновите кога шеташе на модните писти.
Сега само повремено се враќа на модните ревии, но секогаш го воодушевува светот, што, рака на срце, и успева дури и кога папараците ќе ја фатат како се шета низ соседството или пазари.
Едноставно, тоа е Синди!
Славната убавица отсекогаш била позната по својот практичен личен стил, кој ги комбинира класиците со актуелните трендови и секогаш ѝ овозможува да биде удобна и пријатна, а сепак да изгледа многу шик. Во последно време тоа го постигнува, меѓу другото, со тоа што почесто носи рамни чевли и покажува како да изгледате елегантно без помош на високите потпетици.
Најмногу ги комбинира со фармерки, најчесто подлабоки модели со рамни ногавици или ѕвонарки, сака влечки, иако понекогаш „скока“ и во поелегантни верзии.
Дури и на деловни состаноци сме ја виделе во удобни рамни обувки, а во последно време во галеријата погледнете некои од нејзините најефикасни модни комбинации без високи потпетици.