Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

-За прв пат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Северна Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин.

Според него, иако порибувањето со оваа уникатна риба е обврска за двете држави, од македонска страна, во последните неколку години, не е реализирана ваква активност. 

Од албанска страна, пак, во последните четири години езерото е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок.

Телевизијата наведува дека овој вид риба со години повеќе не е на листата на загрозени видови, а според специјалистите состојбата е променета, благодарение на свеста на рибарите.

Мерките за забрана на ловот дадоа резултат, рибарите станаа посвесни да го заштитат коранот, кој е многу баран од хотелите и рестораните, како последица на зголемениот број туристи, особено во последните две години./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ