Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Од стоковна куќа во Јапонија е украден златен фулџан за чај, вреден 61.000 евра

11 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Изработен од 24-каратно злато, филџанот е еден од бројните вредни предмети што се изложени на продажба во синџирот стоковни куќи Такашимаја во Токио.

Портпаролот на продавницата изјавил дека украдената шолја била меѓу најскапите од илјадниците изложени предмети, а најмногу се работи за гарнитури за чај, скапи садови и скап прибор за јадење. „Во моментот на кражбата шолјата била во незаклучена проѕирна кутија за да можат заинтересираните лесно да ја извадат и внимателно да ја прегледаат“, рече тој.

На снимката од безбедносните камери се гледа како маж ја става шолјата во торба и бега, објавија локалните медиуми, додавајќи дека полицијата трага по осомничениот сторител.

Сите вредни предмети ќе продолжат да бидат изложени, но безбедносните мерки ќе бидат зголемени, рече портпаролот.

Инцидентот доаѓа само неколку месеци откако вработените во Такашимаја доживеаја фијаско во декември со продажба на божиќни колачиња од 40 долари.

Повеќе од 800 од околу 2.900 замрзнати колачи со јагоди наменети за онлајн продажба и испорака околу Божиќ беа толку оштетени кога биле доставени до клиентите што раководството на Такашимаја морале јавно да се извинат и да ги вратат парите.

Извинувањето било јавно објавено на телевизиска прес-конференција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ