Покојната кралица
Елизабета Втора со години водела дневник, а сега во нејзината биографија е
објавено последното нешто што го напишала пред нејзината смрт.
До 8 септември
2022 година, кралицата редовно водела дневник во кој ги запишувала сите јавни
настани.
Наводно, два дена
пред нејзината смрт, поточно на 6 септември, таа во својот дневник за последен
пат напишала за средба со нејзиниот секретар, Сер Едвард Јанг.
Се чини дека кратката белешка алудира на една позначајна политичка околност: Едвард бил приватен секретар на покојната кралица, се смета дека и помогнал да се подготви за церемонијата за воведување на поранешната премиерка Лиз Трас и соработниците на Трас.
На тој состанок се
направени последните јавни фотографии на кралицата Елизабета.
Нејзиниот биограф
тврди дека Елизабета редовно ги водела своите дневници, дури и во подоцнежните
години кога била сè поизнемоштена.
„Пишувањето
дневник беше последното нешто што го правеше пред спиење. Тоа беше нејзина
незаменлива должност. Секогаш пишуваше на своето биро, никогаш во кревет“, вели
нејзиниот биограф.
Кралските
експерти веруваат дека белешките биле наменети да и помогнат на кралицата да се
сети на настаните од одреден ден, а можеби и како архива на нејзините
секојдневни искуства за идните историчари. Затоа што кај кралицата речиси ништо
не е приватно – дури ни личните записи.