Доналд Трамп е староновиот претседател на Америка, а Меланија Трамп повторно е прва дама. Нивното појавување вчера во централниот штаб на републиканците привлече големо внимание.
Ова не е прв пат да се пишува за парот, а она што малкумина го знаат е дека меѓу двајцата постои голема разлика во години. На прв поглед нивниот брак може да изгледа како уште една приказна за некомпатибилни контрасти, но тие траат во својата љубов.
Во брак се 19 години, но обожавателите сепак се шокирани од разликата во години која е поголема од две децении. Доналд имал 58 години за време на нивната венчавка, додека Меланија само 34, што за многумина изгледа како голема разлика, особено во светот на јавните личности каде што годините често се предмет на коментари.
Она што е навистина интригантно за оваа приказна е тоа што, иако многумина претпоставуваа дека разликата во години може да влијае на нивната врска, нивната врска остана силна и стабилна, искуство и енергија, што го привлече нејзиното внимание.
Нивната љубов, како што тврди таа, не била заснована на години, туку на меѓусебна доверба и почит.
Меланија и Доналд за прв пат се сретнале во 1998 година, на забава во Њујорк. Доналд тогаш беше во процес на развод од својата втора сопруга, Марла Мејплс, а Меланија, која беше модерна манекенка, му го привлече вниманието уште на првата средба.
Нивната романса на почетокот беше дискретна, но многу брзо почнаа редовно да се гледаат. Иако Меланија била свесна за разликата во годините, тоа не ја спречило да се заљуби во него.
Почнале да поминуваат се повеќе време заедно, што набрзо прерасна во сериозна врска која кулминираше со свадба во 2005 година. Инаку го имаат синот, Барон.