Секое дете има список со желби за тоа што сака да добие од Дедо Мраз, но желбата на малата Аурора прилично го изненади Дедо Мраз. Имено, девојчето веќе две години сака сестра.
"Аурора ја има една од најнежните души на светот. Секогаш кога го гледа бебето, нејзината светла насмевка ме насмевнува. Нема сомнеж дека таа би била прекрасна голема сестра", изјавила за Newsweek мајката на Аурора, Силвија Солорио.
Силвија ја снимила реакцијата на Дедо Мраз на необичната желба на Аурора. Неговиот израз на лицето кажува се, а видеото подоцна беше објавено на TikTok каде собра повеќе од два милиони прегледи.
Мајката напишала дека Аурора имала „долг божиќен список со многу играчки“, па претпоставила дека разговорот со Дедо Мраз ќе биде токму за тоа. Но, додека таа го снимала нивниот состанок, Дедо Мраз ја погледнал изненаден, а таа сфатила дека Аурора не ги побарала играчките.
Според Солорио, Дедо Мраз го имал совршениот одговор. Тој и рекол на Аурора дека „нејзината сестра ќе биде тука наскоро бидејќи е на листата на добри деца“.
Иако Солорио моментално не е бремена или планира бременост во блиска иднина, таа не ја исклучува можноста за проширување на семејството.
"Имам намера да го остварам нејзиниот сон и еден ден да и дадам сестра, но Аурора боледува од тешка астма. Штом ќе ја ставиме под контрола, мислам дека ќе бидам подготвена за уште едно дете", заклучила таа.