Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Мачка е толку дебела, што не може да оди- ја викаат „Трошка“

8 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Крошик или Трошка можеби не живееле во идеални услови, но она што е сигурно е дека не гладувала - има неверојатни 17 килограми, што е премногу за мачка.

Бушавата мачка јадела колачиња и супа кога ја нашле од  контролата на животни.

Се верува дека вработените во болницата обожавале да ја хранат мачката, но во еден момент тоа станало премногу.

„Приказната на Трошка е исклучително редок случај кога некој толку многу сакал мачка што ја нахранил до таква состојба“, објасни портпаролот на прифатилиштето „Матроскин“ во Прем.

Ветеринарите во прифатилиштето очигледно не можеле да направат соодветен ултразвучен преглед на мачката за време на лекарскиот преглед, поради огромната тежина што ја имала Трошка.

Сега мачката е ставена на диета во прифатилиштето, а вработените се надеваат дека ќе ја достигне својата идеална тежина.

Повеќето домашни мачки треба да тежат околу 4,5 килограми, според WebMD - иако тоа може да варира во зависност од расата.

Животното исто така ќе мора да вежба на лента за трчање веднаш штом ќе може повторно да оди.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ