Според кинеската медицина, недостатокот на интимност може да биде причина за разни здравствени проблеми. Се наведува дека оргазмот ослободува „корисна енергија Јанг“, која го зголемува протокот на виталната енергија Чи и го подобрува физичкото и менталното здравје.
Кинеската Ченг се осврнува на фактот дека древните кинески лекари верувале оти жените, поради општествените норми, често доживуваат поголема фрустрација и не им било дозволено да се изразуваат интимно на ист начин како и мажите.
Ченг истакнува дека според кинеската медицина, интимните односи не само што влијаат на физичкото здравје, туку се важни и за менталното здравје, особено за здравјето на срцето. Исто така, се споменува и древниот кинески текст „Су Ну Џинг“, кој дава препораки за зачестеноста на оргазмите според возраста.
Според тој текст, луѓето во дваесеттите треба да доживеат оргазам на секои 4 дена, додека во триесеттите треба да имаат на секои 8 дена. Во четириесеттите, интервалот се зголемува на 16 дена, во педесеттите на 21 ден, а во шеесеттите на 30 дена.
Здравиот интимен живот може да придонесе за подобро здравје, намален стрес, подобрување на менталното здравје и здравјето на срцето. Исто така, да се биде во здрава и среќна врска може да ја намали депресијата и анксиозноста. Сепак, Ченг ја нагласува важноста на безбедниот секс за да се избегне ризикот од сексуално преносливи болести.