Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Исповед на една девојка која била на чекор од смртта (видео)

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Исповед на една девојка која била на чекор од смртта, но избрала да живее за да ги види своите родители.

Џулија Фишер, која сега има 27 години, се присетила на еден потресен момент од нејзиното детство, кога, како што тврди, имала блиско искуство со смртта. Сето тоа се случило во 2003 година, кога како шестгодишно доживеала мозочен удар, поради што итно била пренесена во болница. Нејзината состојба била критична, па две недели поминала на интензивна нега. Токму тогаш, како што наведува, доживеала момент кој засекогаш го променил нејзиниот поглед на животот и смртта.

- Се сеќавам дека одеднаш добив многу лоша главоболка. Отидов кај мајка ми и ѝ се пожалив, веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи никогаш не сум имала таква главоболка. Веднаш потоа сум се онесвестила и ме однеле со брза помош. Наредните 14 дена ги поминав на интензивна нега. Во еден момент почувствував како да се одвојувам од моето тело. Лебдев два метра над него и го гледав. Беше како да се гледам себеси во огледало, но со неверојатно чувство на леснотија – објаснува таа подоцна во видео на Јутуб.

Ова мало девојче, иако не можело да си ги види ниту рацете ниту стапалата, било целосно свесно што се случува и сфатило дека умира. Опишувајќи го своето искуство, таа нагласува дека тишината ѝ била најнеобично чувство.

 - Беше како некој да го притиснал копчето за пауза. Немаше бучава во позадина, само мир. Сè се движеше како на забавена снимка. Тргнав кон вратата од каде доаѓаше светлина, чувствувајќи неодолива привлечност. Токму тогаш слушнав глас кој ме праша дали сакам да продолжам. Гласот не му припаѓаше на никој што можев да го видам. Тоа беше свет сосема надвор од нашиот и јас бев свесна за тоа. Таму нема многу појави или зборови, повеќе се работи за самото чувство – истакнува таа.

Јулија изјавила дека нејзино било да одлучи дали сака да „помине во светлината“ или да се разбуди во реалниот свет.

-Иако бев мала, таа светлина беше необјаснива и доста примамлива. Сепак, дури и тогаш се сетив на моите родители. Се прашував што би правеле цел живот без мене. Не можам да го опишам тоа, бидејќи не постојат зборови во духовниот свет, туку комуницирате со мислите. Изгледа повторно посакав да ги видам своите родители и да го искусам сето она што беше наменето за мене, па затоа не избрав да влезам во светлината. Тоа воопшто не беше едноставна одлука – истакнува Јулија.

Иако ова искуство имало големо влијание врз неа, ова тогаш мало девојче за ваквото искуство молчело цели две години, не сакајќи да ги вознемирува своите родители. Имено, како што вели, и самите поминале низ емотивно тешки моменти поради нејзината здравствена состојба. Дури многу подоцна решила да сподели што доживеала. Таа истакнува дека тоа е искуство кое, како што верува, било обликувано за да ја научи на простување и подлабоко разбирање на животот.

Извор: srecna.republika.rs

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ