Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Илјадници донираат за одбрана на убиецот на американскиот директор за осигурување

13 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Hina

Во деновите откако Луиџи Манџоне беше обвинет за убиство на директорот на американско здравствено осигурување, илјадници луѓе донираа пари онлајн за негова правна одбрана, а објавени се и пораки за поддршка, од кои некои дури го слават злосторството.

Во Њујорк се појавија плакати со лица на различни директори со натпис „Се бара“. Веб-страници продаваат стока со Манџоне, вклучувајќи капи на кои пишува „Ловец на директори“ над мета за гаѓање. А, некои корисници на социјалните мрежи се заљубија во неговата насмевка и стомачни мускули.

Манџионе е обвинета за убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, татко на две деца, со истрел на 4 декември пред хотел на Менхетен, што доведе до петдневна потрага по маскираниот сторител.

Многумина го осудија злосторството за кое е обвинет, но фотогеничниот 26-годишник, образован на универзитет   во одредени кругови стана мешавина од народен херој, ѕвезда и интернет миленик. Неговата поддршка навидум само се зголеми по неговото апсење во понеделникот.

Повеќето од пораките на платформата за прибирање средства GiveSendGo ја одразуваат длабоката фрустрација на многу Американци од американскиот здравствен систем, во кој некои третмани и надоместоци може да им бидат одбиени на пациентите во зависност од тоа што покрива нивното осигурување, но и пошироко незадоволство од растечката нееднаквост во приходите и се повисоки платите на извршните директори.

„Негирањето (медицински услуги врз основа на) здравствено осигурување е убиство, но никој не е обвинет за кривичното дело“, напиша еден донатор, нарекувајќи го убиството „оправдано“.

Неколку други едноставно напишаа „ Deny, Defend, Depose “,  зборови наводно напишани на чаурите пронајдени на местото на убиството, а за кои критичарите велат дека се однесуваат на тактиките на осигурителните компании да избегнат плаќање за третман на осигурениците.

Само на платформата GiveSendGo до средата беа собрани повеќе од 31.000 долари.

Манџионе е притворен во Пенсилванија под обвинение за нелегално поседување оружје и фалсификување документи, додека обвинителите во Њујорк бараат негова екстрадиција. Неговиот адвокат рече дека има намера да се изјасни за невин по обвиненијата во Пенсилванија.

Огнено оружје и пригушувач кои одговараат на оружјето што се користеше за пукање во Томпсон беа пронајдени кај Манџионе, како и облека и маска слична на онаа што ја носеше убиецот, изјави Џесика Тиш од полициската управа во Њујорк.

Други докази пронајдени кај него вклучуваат рачно напишани документи кои го прикажуваат неговиот наводен криминал како легитимен одговор на она што тој го сметал за корпоративна алчност, објавија некои медиуми.

Американците плаќаат повеќе за здравствена заштита од жителите на која било друга земја, а податоците покажуваат дека трошоците за премии за осигурување, како и цените на фармацевтските и болничките услуги се зголемени во изминатите пет години.

Според неговите пријатели и објавите на социјалните мрежи, Манџоне страдал од хронични болки во грбот што влијаеле на неговиот секојдневен живот, но не е јасно дали неговата лична здравствена состојба имала улога во пукањето.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ