Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Говореше дека не сака деца, а потоа ги изненади сите(фото)

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Преслаткото девојче го наследила најдоброто од своите родители.

Познатата холивудска актерка Камерон Дијаз (52) одбележа една филмска епоха. Таа се прослави со улогата во филмот „Таа е вистинската“ („She's the One“) во 1996 година. по што следеа бројни улоги кои ѝ донесоа милиони.

Статусот ѕвезда го стекна со улогата во филмот „Свадбата на мојот најдобар пријател“, а многумина ја паметат по улогата на убавата Натали во новата верзија на филмовите „Чарлиевите ангели“.

И додека на деловен план го достигна речиси самиот врв на Холивуд, приватно не ѝ цветаа  рози. Постојано ја прашуваа кога ќе стане мајка, а таа категорично тврдеше дека мајчинството не ја интересира.

Рече, па одрече

Поради своите изјави за мајчинството, Камерон честопати се соочуваше со бројни осуди дека е себична, но таа не се грижеше за тоа.

-Детето е обврска, секојдневно по цел ден до 18-тата година. Животот без деца е полесен. Сакам да ги заштитам луѓето, но никогаш не ме привлекувала идејата да бидам мајка. Засега сум добро и не би сакала да имам деца. Направив многу работи во животот – изјави Камерон во јули 2014 година за магазинот „Esquire“.

И потоа ја стигна карма и сè што велеше дотогаш падна во вода. Една година по оваа изјава, таа се омажи за музичарот Бенџи Мејден. Парот упорно се обидуваше да добие дете, но не успеваше. И тогаш се случи чудо, таа на 47 години за прв пат стана мајка.

Во декември 2019 година Камерон го роди своето прво дете. Веста за раѓањето на нејзината ќерка Редикс во јануари 2020 година, актерката ја објави во емотивна порака на социјалните мрежи.

- Среќни сме, благословени и благодарни што новата деценија ја започнуваме со раѓањето на нашата ќерка Редикс Мејден. Таа веднаш ни ги освои срцата и нашето семејство го направи комплетно. Пресреќни сме што да ја делиме нашата радост со вас, но исто така сакаме и да ја заштитиме нашата приватност. Нема да објавуваме фотографии од бебето, ниту да објавуваме информации, освен тоа дека е многу слатка. Ви посакуваме сè најдобро, среќна Нова година и нова деценија – напиша тогаш Камерон.

Колку раѓањето на ќеркичката ја промени најдобро говори фактот што таа практично се повлече од светот на филмот и се посвети на своето дете и семејството, а сега наместо гламурозните костими од црвениот тепих, на мрежите споделува кулинарски совети.

Камерон и нејзиниот сопруг се обидуваат да го држат своето девојче подалеку од љубопитните медиуми, но тоа не е секогаш можно. Малечкаа Редикс сега има четири години. Папараците ја уловиле Камерон со ќерката и сопругот во Санта Барбара.

Од серијата фотографии може да се види дека познатата актерка е во опуштено издание, носи црни широки тренерки, косата ѝ е врзана одзади, нема шминка и носи очила за вид. Воопшто не личи на некогашната убавица која освојуваше преку филмот. Таа внимавала на ќеркичката која си играла околу неа и повеќепати ја кренала во раце, иако девојчето е доволно големо за да го носи.

Малечката Редикс е симпатична и се чини дека го наследила најдоброто од мама и тато. Парот не се задржа на едно дете, туку во март годинава го добија синот Кардинал со помош на сурогат мајка.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ