Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп

14 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal), човекот е француски државјанин и поранешен трговец, по име Тео. Засега тој не сака да го објави своето презиме. Американската компанија за блокчејн-анализа - „Чејнанализис“ (Chainanalysis), пак, соопшти дека извршила вкрстена проверка и идентификувала 11 сметки на „Полимаркет“ со слични својства и особености. Имено, овие сметки се полнеле во исто време, учествувале во обложувања и биле испразнети во исто време.

„Полимаркет“ засега не ги потврди наводите.

Обложувачот вложил вкупно 70 милиони долари (66,35 милиони евра) за победа на Трамп над Камала Харис. Добивката од 80,5 милиони евра добитникот ја потврди пред францускиот печат.

„Полимаркет“ е платформа за обложување пуштена во 2020 година, којашто прифаќа само облози во криптовалути. Следствено, технички, ваквото обложување е забрането за жителите на САД. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ