Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Драма во авион: Пијан патник се обиде да влезе во кокпитот

5 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат.

Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од исплашените патници, пишува весникот „Сан“. По слетувањето во Минхен, германската полиција го уапсила, а патниците ја поминале ноќта во хотели.

Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал одлично, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.

Од компанијата рекоа дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ