„Нихон Хиданкјо“ е добитник на Нобеловата награда за мир како предупредување од разорните конфликти ширум светот, посебно на Блиски Исток, Украина и Судан.
Според претседателот на Норвешкиот комитет за нобелова награда, Јорген Ватне Фриднес со наградата „им се одава почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болни сеќавања, одлучија да го искористат своето искуство за да негуваат надеж и да се ангажираат за мир“.
За разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, основачот Алфред Нобел со декрет одлучи за наградата за мир да одлучува и да ја доделува петчлениот норвешки комитет во Осло./МИА