Научници од кинескиот универзитет Цингхуа во Пекинг развија нов крем за сончање кој не само што штити од УВ зраците, туку и ја лади кожата.
- Подготвивме крема за сончање што може значително да ја намали температурата на кожата и во исто време да ја заштити од УВ зрачењето - изјавиле кинеските пронаоѓачи, пренесува веб-страницата <a href="https://www.rttnews.com/amp/3499527/scientists-develop-new-sunscreen-with-uv-defense-and-skin-cooling.aspx">RTT News</a>.
Новиот производ може да ја намали температурата на кожата за дури шест степени.
- При екстремни температури кои надминуваат 50 степени Целзиусови, оние кои мораат да работат на отворено, како сообраќајната полиција, земјоделците или градежниците на патишта, се соочуваат со исклучително тешки услови кои можат да доведат до стрес, исцрпеност или смрт. Ним им е потребен ефикасен метод за ладење и заштита на кожата - изјави еден од учесниците во проектот, професорот Џанг Руфан од Универзитетот Цингхуа.