Сѐ одело добро, додека дијамантскиот прстен не заврши во канализација.
Имено, Ники забележала дека нејзиниот избраник има дамка на панталоните, а кога се обидела да го исчисти, прстенот паднал и завршил во шахтата.
„Таа останала прилично мирна, додека јас се сетив колку време поминавме во изборот на големината на прстенот“, изјави Беребик по инцидентот во Кливленд.
Младиот пар ги повикал пожарникарите на помош, а Емили Рут ги снимила настаните со својата камера, пренесува UPI.com.
„И таа заврши одлична работа, остана смирена и се погрижи да добиеме совршени фотографии“, додаде младиот човек.
По кратка борба, пожарникарите го извадиле капакот на шахтата и го пронашле скапоцениот накит. Тој бил вратен на сопственичката која не можела да ја сокрие среќата.
„Планираме да им се заблагодариме со подарок што наскоро ќе го испратиме по пошта. Можеби ќе добијат покани за нашата свадба“, откри Ники.