Нарачала подарок за колега, кого го извлекла во популарната игра „Тајниот Дедо Мраз“. Очекувала божиќна капа и шал, не знаејќи каква драма ја чека.
Марни тврди дека пакетот пристигнал во вторникот, и дека веднаш забележала дека нешто се движи внатре во запечатената пластична амбалажа, пишува Daily Mail.
„Кога сфатив дека се работи за огромен пајак, врескав и во паника го фрлив пакетот. Преплашена сум од пајаци, а кога го снимав, ми ги покажа своите заби“, рекла таа.
Преплашена, зела маша и ја фрлила кесата со пајакот во кадата. Потоа ја контактирала службата за дезинсекција.
„Нарачката дојде од Кина, па не знаев дали пајакот е опасен. Ова искуство ме оддалечи од купување преку Интернет. Го известив Шејн за сѐ“, заклучила таа.