Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Бизарна несреќа во Шпанија: Го удрила камбана по главата- останал на место мртов (ВИДЕО)

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Младиот човек се качил на камбанаријата за да ја придвижи камбаната, традиција на градската слава, но погрешно го пресметал просторот и добил силен удар во главата, кој подоцна се покажал како фатален, објави Ел Паис.

Според локалните медиуми, 30-годишен маж кој живее во Барселона дошол во Пинел де Браја да ја прослави славата на градот, бидејќи неговото семејство било од таа област.

Тој сакал да учествува на свеченостите по повод празникот, но за жал починал.

По ударот мажот останал без свест, а присутните се обиделе да го реанимираат пред да пристигне лекарската помош, но сите напори биле залудни.

Лекарите по повикот многу брзо пристигнале на местото на настанот, но можеле само да констатираат дека мажот е мртов.

Противпожарната бригада го извадила телото од камбанаријата на црквата Сант Лоренцо.

Полицијата отворила истрага за да се утврдат околностите под кои се случил овој трагичен инцидент.

Според досега реконструираното, несреќата се случила за време на еден вид ритуал кој вклучува целосно вртење на ѕвоното пред да започне прославата. Ѕвонењето се вршело рачно со почеток во шест часот наутро.

Градоначалничката на Пинел де Браје, Лаура Валеспи, рече дека порано имало мали инциденти како повреди на рацете, но никогаш вака сериозни.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ