Три полжави биле дел од садо-мазо играта на вљубен пар од Загреб кој на крајот морал да побара лекарска помош.
Страстите под чаршафите, како што пренесува хрватскиот портал Јутарњи, вљубената двојка решила дополнително да ги загрее ноќта помеѓу понеделник и вторник, па девојката му ставала ни помалку ни повеќе туку еден по еден жив полжав сосе куќичка во анусот на партнерот, но потоа - се заглавиле.
Сè докажува наодот од итниот прием на КБЦ Сестра Милосрдница, кој кружи на социјалните мрежи, а каде отишле откако не успеале да ги отстранат полжави тешки десетина грама сосе темните куќички.
Дежурниот лекар ги засукал ракавите и се обидел да ги извади полжавите од телото на мажот, но не успеал, а биле испробани и други техники како празнење на дебелото црево.
Тоа не е ни единствениот бизарен детал од нивната секс игра. Во извештајот се наведува дека мажот се пожалил и на болки во друг дел од телото бидејќи неговата партнерка наводно му ставала пипета во мочниот канал. Заради се, на крајот бил побаран и преглед од уролог. Од болницата не се огласија по повод необичната интервенција.