Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Аладин од Франција лета на „волшебен килим“- скокна од 2.400 метри висока планина (ВИДЕО)

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој со години се занимава со параглајдерство, па решил својата вештина да ја искористи за необичен подвиг.

Монтини избрал планински врв од 2.400 метри, а својата неверојатна авантура ја снимил на камера.

„Параглајдирам 19 години, скокнам со падобран 14 години, а летам со змеј девет години. Овие активности ми помогнаа да го совладам „летањето“ на тепих“, рече тој.

Тој додава дека се прашувал дали се вистинити митовите и легендите кои ги слушал како дете, пренесува Daily Star.

Монтини истакнува дека бил безбеден благодарение на долгогодишното искуство и сигурниот падобран.

„Тој беше мојата „заштитна мрежа“. Ако нешто тргнеше наопаку, ќе го пуштев тепихот и ќе го отворев падобранот“.

Тој признава дека „летечкиот тепих“ не е како оној од приказната за Аладин, туку дека се остварил како детски сон.

„Сакав да ѝ пркосам на реалноста и тоа го направив“, заклучил тој.

Гледачите останаа без зборови, а многумина веруваат дека се работи за неверојатен, но опасен експеримент.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ