Научниците
предвидуваат дека 2025 година ќе биде третата најтопла година во светот, веднаш
зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на
најтопли години откако е измерена температурата.
Според податоците
на британската метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени
потопла отколку пред индустриската ера, а можно е температурата да се искачи и
до 1,4 степени, пишува „Скај њуз“.
Во 2025 година се
очекува да се сруши рекордот од 2020 година, што поради тоа ќе падне на
четвртото место. Научниците истакнуваат дека 2025 година ќе биде многу топла,
иако феноменот Ел Нињо, кој доведе до зголемување на температурите во 2023 и
2024 година, се намалува. Причината за оваа глобална жештина е долгорочниот
тренд на климатски промени, кои се резултат на емисијата на гасови со ефект на
стаклена градина, главно од фосилните горива, пренесува Танјуг.
Метеорологот Адам
Скаиф објасни дека Ел Нињо привремено ги зголеми глобалните температури, но
дека климатските промени продолжуваат да ја прават секоја година потопла.
Научниците
истражуваат и други фактори кои би можеле да придонесат за зголемување на
температурите, како што се вулканските ерупции.