Новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 28 ноември го прославил Денот на благодарноста во интересно друштво.
Трамп го прославил празникот во својот приватен клуб Мар-а-Лаго на Флорида, придружуван од милијардерот Илон Маск.
<b>Танцувале во ритамот на Y.M.C.A.</b>
Секако, на прославата се приклучиле и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот син Барон. Во еден момент беше пуштена хит песната Y.M.C.A на која заедно танцуваа Трамп и Маск, снимка која можете да ја погледнете <a href="https://edition.cnn.com/2024/11/29/politics/video/elon-musk-trump-thanksgiving-dinner-digvid">ТУКА.</a>
Неименуван извор открил за Page Six дека на забавата бил и холивудскиот актер Силвестер Сталоне.
"Сталоне дојде околу 20 часот. Семејството Трамп пристигна околу 18:45 и замина во 21:15. На вечерата имаше 300 луѓе и сè беше отворено за членовите на клубот и нивните гости", објаснил изворот.
<b>Раскошна вечера</b>
„Тоа беше раскошно шведска маса со мисирка и сите гарнитури, апсолутно се што можете да замислите. Масите беа украсени со бои во есенски аранжмани“, опишал извор на Page Six.
Трамп наводно ги забавувал другите за време на вечерата преземајќи ја улогата на диџеј.
Инаку, цената на билетот за оваа свечена манифестација чинел 350 долари.