Во митологијата, мажот кој носи прстен на палецот се сметал за богат и моќен, а ако носите прстен на малиот прст, свесно испраќате порака дека сте поинакви.
<b>На палецот</b>
Палецот обично се поврзува со личното богатство. Прстените на палецот обично имаат поголеми размери од прстените на другите прсти, па се верува дека со носење прстен на палецот, луѓето испраќаат порака за сила и богатство. Во митологијата, прстенот на палецот обично се поврзува со силниот карактер на оној што го носи.
<b>На показалецот</b>
Прстенот на показалецот најчесто го носат луѓе кои се ориентирани кон традицијата, а тоа го поткрепува и фактот што на показалецот најчесто се носат семејни прстени или прстени од разни општества и братства. Бидејќи показалецот е најзабележлив од сите прсти (многу го користиме), луѓето често носат подебели прстени со шарени украси.
<b>На средниот прст</b>
Носењето прстен на овој прст покажува дека сте во склад со себе и се чувствувате удобно во многубројните улоги во животот. На овој прст најчесто се носат невообичаени „statement“ прстени, што е порака сама по себе.
<b>На домалиот прст</b>
Свадбениот или вереничкиот прстен најчесто се носи на овој прст. Често се поврзува со Месечината, убавината и креативноста, како и со љубовта. Бидејќи металот на Месечината е сребро, некако природно е овој прст да избира сребрени прстени со романтични детали.
<b>На малиот прст</b>
Додека мажите често носат прстен на малиот прст, како дел од семејното наследство и обично во форма на гаранција, ова парче накит неодамна стана повторно популарно меѓу жените. Прстенот на малиот прст стана вистински моден тренд само благодарение на американски бренд за накит.
Со овој прстен, слободните жени изразуваат поврзаност, лојалност и самољубие. Малиот прстен потсетува дека на жените не им треба маж за да застанат цврсто во животот. Блескавиот прстен на малиот прст треба повторно и повторно да ги потсетува дамите дека се сакаат себеси. Колку голема порака!