Патнички авион „Ембраер“ кој леташе од Азербејџан за Русија се урна во близина на градот Актау во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот. Несреќата ја преживеале 28 лица, а се претпоставува дека загинале 39 патници.
<b>Каде седите во авион е многу важно</b>, а статистиката заснована на истражување на авионски несреќи во последните 35 години вели дека седиштата во средниот ред на задниот дел од авионот се најбезбедни. Стапката на преживување во тој дел е највисока.
Новинарите од порталот „Тајм“ ја проучувале базата на податоци на Федералната управа за авијација, а се фокусирале на несреќите во кои имало преживеани. Тие анализирале 17 графикони и откриле колкав процент на смртни случаи се забележани во одреден дел од авионот:
Тие, исто така, ги проучувале позициите на редовите и заклучиле дека смртноста е најниска во средните редови на задниот дел од авионот - само 28 проценти. Најлоши резултати добиле за седиштата на патеката во средната третина од кабината, каде што се забележани дури 44 проценти од смртните случаи.
Исто така, студија од 2008 година за користење на излези за итни случаи од страна на британскиот универзитет „Гринвич“ покажала дека патниците кои се блиску до излезот за итни случаи имаат најголеми шанси да излезат живи од авионот во случај на несреќа.
<b>Сепак, на крајот се зависи од околностите на несреќата</b>
Експертите забележуваат дека на крајот преживувањето повеќе зависи од околностите на самата несреќа, а помалку од тоа кој на кое седиште седи. На пример, ако нешто тргне наопаку во задниот дел на авионот, патниците напред ќе имаат поголеми шанси да преживеат, освен ако авионот не падне на земја од голема височина, не се распадне и се запали.
Се случувало и некои патници да преживеат иако биле во делот од авионот каде сите загинале, па експертите на Федералната управа за авијација (Федерална управа за воздухопловство) и други забележуваат дека всушност нема загарантирано најбезбедно место во авионот.