Сè почеста појава
на социјалните мрежи се листите со критериуми за потенцијален партнер, а дали
сте слушнале за листа на правила во врската?
Девојка на
„ТикТок“ започна дискусија откако објави видео во кое наведува пет работи кои
бара од партнерот да ги почитува во врската.
Она што е спорно
во целата работа е дека некои од правилата воопшто не се однесуваат на самата
врска, туку на неговите индивидуални навики.
За почеток, таа
никогаш не би му дозволила да има најдобра другарка бидејќи не верува во такви
пријателства: „Можете да имате пријателки и познајнички, но апсолутно не
најдобра пријателка“.
Второ, Тејлор
секогаш мора да знае каде е нејзиното момче, користејќи апликации на нејзиниот
телефон.
- Само сакам да
се уверам дека е добро. Дали го демнам секој час? Не, но чувствувам дека тоа е
само една од оние работи што кога се грижиш за некого мораш да му кажеш каде си
- рече таа и додаде дека е сомнително ако личноста со која си не сака да ја
сподели моменталната локација со тебе.
Следното нешто е
далеку почудно, а се однесува на одењето во стриптиз клубови - таа тврди дека
познава парови кои често одат заедно, но дека за нив не доаѓа предвид, а тој
барем таму оди сам.
Како четврта
забрана Тејлор навела дека не му дозволува на нејзиното момче да ја плаќа
секоја сметка, а токму прашањето кој ја плаќа сметката на датум што инаку е
честа тема на разговор на мрежите. Таа додаде дека мисли дека не е во ред што
се очекува тоа да го прават само момците.
Последната
забрана на списокот е дека никогаш не би дозволила нејзиното момче да лајкува
фотографии од девојки во бикини на Инстаграм.
И додека
многумина се согласија со последната ставка од списокот, речиси никој не можеше
да не забележи дека тука нешто не е во ред.
„Кога веќе
зборуваме за предупредувачки знаци, целото ова видео е голем знак“, „Нема шанси
некогаш да му кажам на дечко ми што смее, а што не, возрасен е“, „Има ли доверба
во оваа врска кај сите“.