Роботот такси на AMAZON Zoox ги тестира улиците на Остин, Мајами и Сан Франциско. Роботите такси на Zoox се Toyota Highlanders кои имаат безбедносен возач и однапред одредени рути.
„Ги поставуваме основите за нашата автономна транспортна услуга во новите градови низ САД. Остин и Мајами нудат клучни можности за учење што ќе го поддржат континуираниот раст и усовршување на нашите тестирања и услуги“, рече Рон Таниел, виш директор за политика и регулатива во Zoox.
Компанијата објави на Фејсбук како изгледа да се вози низ Вегас со нивните автономни такси возила, за кои велат дека се „првите роботски такси во светот“.
<b>Први комерцијални пазари во Сан Франциско и Лас Вегас</b>
ZOOX ги таргетира Сан Франциско и Лас Вегас како први комерцијални пазари откако започна тестирање таму во 2018 и 2019 година, соодветно.
Неговото прилагодено роботско такси дебитираше на патиштата во февруари 2023 година, нудејќи превозна услуга за своите вработени во Фостер Сити, Калифорнија.
Компанијата го нарече своето последно проширување во две нови американски држави како „значаен чекор напред“.
<b>2020 ги здружи силите со Амазон</b>
На посветената веб-страница на Zoox се наведува дека компанијата е основана за да го направи личниот транспорт побезбеден, почист и поудобен за секого.
"За да се постигне оваа цел, тимот на Zoox создаде сосема нова форма на транспорт. Zoox ќе обезбеди мобилност како услуга во густите урбани области. Ние ќе се грижиме за возење, полнење, одржување и надградба на нашиот возен парк. Возачот едноставно ќе плати за услугата.“
Во 2020 година, Zoox ги здружи силите со Amazon, зацврстувајќи ја иднината во индустријата за автономни возила.
“Фокусирани сме на тестирање на приватни и јавни патишта додека се движиме кон лансирањето на првата транспортна услуга Zoox“, се вели на веб-страницата Zoox.
Фото: Принтскрин YouTube