Владата во Берлин
денеска објави прогноза во која се вели дека германската економија годинава ќе
забележи пад од 0,2 отсто, што значи дека ќе го следи минатогодишниот економски
пад од 0,3 отсто.
Прогнозата беше
ревидирана надолу од април, кога германскиот министер за економија Роберт Хабек
очекуваше раст од 0,3 отсто во 2024 година, пишува Блумберг.
Сегашната
прогноза додава дека германската економија ќе порасне за 1,1 отсто во 2025
година и ќе забрза до 1,6 отсто во 2026 година.
Министерот Хабек
во изјава за медиумите изјави дека Германија мора итно да ги реши структурните
проблеми како што се недостатокот на енергетска сигурност, прекумерната
бирократија и недостигот на квалификувани работници.
Тој посочи дека
гореспоменатите фактори, како и геополитичката неизвесност, негативно влијаат
на економската активност во Германија.
Економските
проблеми на Германија, најголемата европска економија, се товар за целата
еврозона и го кочат нејзиното закрепнување, додава њујоршката агенција.