Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година,<span> </span><span lang="mk-MK" style="box-sizing: border-box;">тврди д</span>ополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
<span lang="mk-MK" style="box-sizing: border-box;">Повикувајќи се на податоци на Државниот завод за статистика Трипуновски на својот профил на Фејсбук објавува споредба на извозот на флаширано вино и вкупното производство на вино во Македонија во 2016 во однос на 2023 година.</span>
„<span lang="mk-MK" style="box-sizing: border-box;">Стоп за манипулациите на СДСМ! Ова се вистинските факти за извозот и производството на вино:</span>
– 3,9 милиони литри помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 година.
– 8,2 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 2,09 €/л)
– 21,6 милиони литри помалку произведени количини на вино во 2022 во споредба со 2016 (Извор: ГЗИ 2022)“ – пишува Трипуновски.