Лошата економска
ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може, според
Европската комисија, да има негативни последици за целата заедница на држави.
Комисијата
укажува на можни макроекономски нерамнотежи во овие земји, како што се наведува
во извештајот за таканаречениот механизам за предупредување. Овие земји сега ќе
бидат под детална анализа.
Макроекономската
нерамнотежа во една земја од ЕУ - на пример, големиот надворешно трговски
дефицит или високата побарувачка за прескапи недвижности - може негативно да
влијае на другите членки, пренесува dpa.
Извештајот за
механизмот за предупредување служи како почетна точка за следење, рано
препознавање и сузбивање на нерамнотежа.
Врз основа на
различни индикатори, извештајот ги идентификува земјите за кои е потребна
подетална анализа.
Показателите
вклучуваат, на пример, стапката на невработеност, нивото на задолженост,
кредитните текови и цените на недвижностите.
Според
извештајот, ваквата анализа е оправдана за 10 земји.
Освен во
Германија, следната година повнимателно ќе се набљудуваат состојбите и во
Кипар, Грција, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Шведска и
Холандија.
Комисијата
наведува дека нерамнотежите во голема мера се резултат на невообичаено високата
инфлација во последните години.
Исто така,
високите трошоци за работна сила се проблем за овие земји. Цените на
недвижностите во некои земји сè уште се доста проблем. Иако растот на цените е
малку забавен, тие сепак значително се зголемуваат.