<i>Петер Сијарто на почетокот на декември објави дека Унгарија побарала од САД да направат исклучоци од санкциите против Гаспромбанк, воведени на 21 ноември.</i>
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за унгарската ТВ М1 изјави дека Соединетите Американски Држави направиле исклучок од санкциите за Газпромбанк, поради плаќање за испорака на руски гас, пренесе ТАСС.
Министерот истакна дека САД ја задржале забраната за финансиски трансакции преку Газпромбанк за проектот за проширување на нуклеарната централа Пакс.
Петер Сијарто не кажа дали САД направиле исклучок само за Унгарија или за сите земји од Централна и Источна Европа кои продолжуваат да добиваат руски гас.
Петер Сијарто на почетокот на декември објави дека Унгарија побарала од САД да направат исклучоци од санкциите против Гаспромбанк, воведени на 21 ноември.
Турција, исто така, побара олеснување на санкциите. Властите на ЕУ извршија притисок врз САД, за Вашингтон да ги олесни санкциите кон банката, пишува Блумберг.
Рускиот претседател Владимир Путин со указ од 19 декември им дозволи на странските купувачи на руски гас да користат други руски банки за плаќања до април 2025 година наместо Гаспромбанка. Гаспромбанка до декември беше единствената банка преку која можеше да се плаќа.
Во декември, Министерството за финансии на САД привремено, до 30 јуни 2025 година, дозволи трансакции со Газпромбанк во врска со цивилна нуклеарна енергија.
Да потсетиме дека дефинитивно нема да има продолжување на договорот за транзит на руски гас низ Украина, но Гаспром ќе го преживее ова, рече претседателот на Рсуија Владимир Путин, на големата годишна прес-конференција.
Шефот на руската држава нагласи дека украинската страна одбила да го продолжи договорот, иако од Русија добивала некаде помеѓу 700-800 милиони долари годишно.
- Овој договор повеќе нема да постои, се е јасно, но, во ред, ќе преживееме. Гаспром ќе го преживее ова – рече Путин.
Во исто време, шефот на Кремљ истакна дека Русија ќе го зголеми својот удел на течен природен гас на светскиот пазар.
- Овој производ ќе биде баран на светските пазари. Ќе продолжиме да го правиме тоа и ќе го зголемуваме нашиот удел на глобалните пазари - рече тој.