Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Во Лепосавиќ косовската полиција запленила милиони од трезорот на Народна банка на Србија

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Полициски единици на 12.09.2024 година извршија проверки на две локации, под сомнение дека финансиските институции ги извршиле горенаведените дела.Во текот на рацијата се запленети 5.772 313,00  српски динари, 57.626,00 американски долари, 10.835,00 евра, 2.790,00 швајцарски франци, два компјутера и два снимачи за безбедносни камери.“, се вели во соопштението, пренесува Коха, објави Телеграф.

Во случајот кој е окарактеризиран како „перење пари и злоупотреба на економските овластувања“, се наведува и дека се одземени повеќе печати и разни документи кои наводно го докажуваат незаконското работење на овие институции.

Во соопштението се тврди дека во овој случај сите дејствија се извршени во консултација и координација со обвинителот.

Припадници на косовската полиција вчера во Лепосавиќ повторно извршиле претрес во просториите во кои се наоѓа трезорот на Народната банка на Србија.

Како што се наведува, претресот бил извршен по наредба на судот од северниот дел на Косовска Митровица.

Трезорот на Народната банка на Србија се наоѓа во истата зграда каде што до неодамна беше сместена Привремената управа на општина Лепосавиќ, која припадниците на косовската полиција ја затворија на 30 август, а пред неколку дена земаа и компјутер, опрема и документација од таму.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ