Познатата хрватска
старлета Ава Карабатиќ јавно се пофали дека собрала повеќе од 26.000 потписи за
нејзината претседателска кандидатура за претседател на Република Хрватска.
Заедно со фотографија на
која е гола до половината, со јаже низ торзото, а на која пишува: „Доста ни
стиснаа“ и „Изберете ја Ава за вистинската земја“ напишала:
„Со огромно задоволство
ја информирам јавноста дека успешно собрав 26.000 потписи за поддршка, со што
го исполнив законскиот услов за кандидатура на претстојните претседателски
избори. Им благодарам на сите кои со своите потписи ја поддржаа мојата
кандидатура.
Процесот на собирање
потписи сега е завршен, а мојата кампања сега влегува во нова фаза. Ги
повикувам сите граѓани да излезат на гласање и да гласаат за мене. Вашиот глас
значи можност за постигнување заеднички цели и визија за подобра иднина за сите
нас. Доста е од затегнување. Има доволно корумпирани политичари и министри.
Ви благодарам за
довербата и поддршката што ми ја покажавте досега. Продолжуваме заедно, одлучни
и храбри, кон успехот! Со почит, Ава Карабатиќ, кандидат за претседател на
Република Хрватска“, напиша Ава Карабатиќ.