Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Усвоен е текстот на декларацијата од самитот во Дубровник

9 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Декларацијата од Дубровник што ја усвоивме изразува целосна поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, недвосмислено ја осудува руската агресија и ја потврдува заедничката посветеност на Европа да му помогне на украинскиот народ“, објави владата, пренесе Индекс.

Потписници на декларацијата се хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски како кодомаќини на самитот, косовската претседателка Вјоса Османи, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, албанскиот премиер Еди Рама , претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кристо, бугарскиот премиер Димитар Главчев, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Михаи Попшои, романскиот министер за надворешни работи Луминица Теодора Одобеску, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ