Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Српската полиција и натаму трага по телото на двегодишната Данка Илиќ

12 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Уапсените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ и натаму одбиваат да кажат каде е телото. Детално се пребаруваа околните дворови, подруми, депонии, пештери. Надлежните не откриваат со какви докази располагаат но и што ја отежнува потрагата по телото на девојчето. Дел од аналитичарите се на став дека  иако пронаоѓањето на телото е клучно, од друга страна пронаоѓањето ДНК траги на девојчето се доволни за да се осудат осомничените.

„Ние не ги познаваме сите факти од предметот. Тешко е да говориме кога не знаеме што е утврдено како непобитно, што имаме од доказите, што има тужителството кое некако изостанува во дискусијата и што тие имаат обезбедено до оваа фаза, секако со помош на полицијата и стручните служби. Доколку телото не се пронајде според онаа флоскулата што толку пати ја слушаме „нема тело, нема дело“, тоа апсолутно не важи. Зависи и од другите докази. Секако дека телото и обдукцијата на покојното девојче е еден од клучните докази да се одредни причината на смртта,“ - Иван Дузлевски, поранешен јавен обвинител.

Дел од српските медиуми споделуваат информации дека осомничениот Дејан Драгијевиќ и неговиот брат се скарале при пренесувањето на телото и дека престанале да комуницираат меѓу себе, поради што има бројни нелогичности во нивните изјави за локацијата. Бидејќи девојчето се уште не е пронајдено, истражителите според информациите се фокусираат на тоа дали телото повеќе пати било пренесувано.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ