Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Расте бројот на жртви во Јабланица, потрага по пет исчезнати лица

7 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица  - машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.

 Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа  36 членови на спасувачката екипа со 12 возила - наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.

 Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ