Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Пожари во Далмација, во Скрадин гори близу куќите (ВИДЕО)

30 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што соопштија од Хрватското противпожарно друштво, во 08:46 часот во ЖВОЦ Шибеник е пријавено за пожар на отворен простор во месноста Скрадин, во населбата Иќево. Од пожарот е зафатена трева, ниска вегетација и борова шума, објави Индекс.

Пожарот сериозно му се заканува на Братишковци и ги загрозува куќите и имотот.

Два одделни пожари избувнаа денеска околу 14 часот во атарот на селото Смоковиќ во Равнокотар, кај Задар, а набрзо се споиле во еден. Пожарот е лоциран во реонот кај аеродромот Земуник.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ