Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Политичкиот секретар на СИРИЗА предлага изборите за партиски лидер да се одржат на 24 ноември

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Политичкиот секретар одржа состанок откако Централниот комитет во неделата му ја одзеде довербата на претседателот Стефанос Каселакис со што започнаа процедурите за нов партиски лидер.

Како што информираа од СИРИЗА главните теми на состанокот биле одржувањето на вонреден конгрес и изборот на претседател, како и најдобрата подготовка на партијата во пресрет на учеството на Меѓународниот саем во Солун следниот викенд.

Препораката на Политичкиот секретаријат до Централниот комитет што ќе одржи состанок на 21 и 22 септември е вонредниот конгрес да биде во периодот од 1 до 3 ноември, а во недела на 24 ноември да се одржат изборите за претседател, додека пак доколку е потребен втор круг, да биде една седмица подоцна, односно во недела на 1 декември.

-Јасно е дека нашиот противник е Мицотакис и неговата антинародна и деструктивна политика. Премиерот кој на Меѓународниот саем се појави без да се кае, без трошка емпатија. Држејќи се до истите антинародни и антисоцијални политики кои го осиромашуваат социјалното мнозинство и се во корист на малкумината и на економски моќните. Наводните бенефиции што ги најави, како бедното зголемување на пензиите или покачувањето на платите за вработените во приватниот сектор, здравствените работници и униформираните службеници, се ниски и ќе се потрошат со поскапувањата на цените и инфлацијата, велат од СИРИЗА.

Најавија дека тие, од Меѓународниот саем во Солун ќе презентираат „сеопфатна и конкретна програма во која ќе бидат опфатени сите сектори“.

Во текот на следниот викенд на маргините на Меѓународниот саем, традиционално како и секоја година, непосредно пред затворањето, говор и прес-конференција одржува лидерот на главната опозициска партија и иако веќе беше најавен Каселакис, сепак Централниот комитет одлучи СИРИЗА да ја претставува претседателот на пратеничката група Никос Папас. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ