Според досегашните информации, осум апсења се извршени во Атина, а исто толку и во Солун. Покрај тоа, запленети се 49 парчиња оружје и дрога, пренесува Катимерини.
Според надлежните извори, операцијата била планирана да се изврши во Глифада, врз основа на „мапирањето“ кое претходно го извршила ЕЈП.
Акцијата ја спроведува Управата за борба против организиран криминал.