Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Обилни дождови во Западна Грција, едно лице загина

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Починатиот е 52-годишен чувар на фабрика за асфалт, кој бил пронајден околу шест километри од своето работно место, најверојатно однесен од поплавите. Претходно, пред да се изгуби врската со него, тој му соопштил на својот колега дека блиската река се излеала поради поројните дождови.

Во близина на Стратос и Ривио се пријавени сериозни штети, каде реките ги поплавија подрумите и блокираа автомобили.

На островот Крф, громови предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија,а поплавите на улиците предизвикаа наезда на глодари.

Пожарникарите расчистуваат паднати гранки и помагаат на поплавените хотели и продавници. Воздушниот сообраќај беше нарушен, а неколку авиони беа пренасочени. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ