Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

На Косово се тагува по Хајризи, кој вчера уби српски полицаец, а денеска е ликвидиран (ВИДЕО)

19 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека албанскиот терорист кој уби еден српски полицаец и рани друг е ликвидиран денеска во Бања Ковиљача, објави Телеграф.

Дачиќ за новинарите на лице место изјави дека убиецот на полицаецот Никола Крсмановиќ испукал вкупно девет куршуми кон српската полиција кога го пронашла, по што бил убиен.

Она што се знае, кога се работи за Фатон, е дека тој пред две децении бил осуден за убиство на рускиот војник на КФОР кај Дреница, дека избегал од воспитно-поправниот дом Смрековница, каде ја издржувал казната, а денеска повторно стана главен тема на медиумите.

Фатон е токму истиот Абанец кој на почетокот на месецот избега од затвор. Како што тогаш пишуваше Телеграф, Фатон во текот на 22-те години на издржување на казната осум пати избегал, а на почетокот на јули по деветти пат побегнал од затвор. Успеал да побегне и од американската база Бондстил.

- И тој е викенд-корисник. Последен пат викендов го искористил од 01 до 03 овој месец. За неговото заминување од институцијата била подготвена преписка и известена е полиција. Во врска со случајот, до завршување на истрагата, вработениот во набљудувачката соба на Ф.Р е суспендиран - стои во соопштението објавено по повод неговото бегство.

Да потсетиме, Фатон Хајризи бил осуден и за вооружен грабеж во Глоговац при што биле повредени четворица членови на косовската полиција.

На 15-годишна возраст, додека одел на училиште, Хајризи разговарал со руски војник, му го зел пиштолот и го убил. Изјавил дека убиството го извршил откако видел дека рускиот војник навредувал некои Албанци. За ова убиство тој е осуден на 27 години затвор. Но, како што самиот Хајризи признал, три дена откако бил испратен во затворот во Митровица, успеал да побегне оттаму. Тоа се случило во 2000 година.

- Јас сум Фатон Хајризи, кој се приклучи на ОВК и отиде во војна како 14-годишен. Јас сум Фатон Хајризи, кој беше активен на север во 2006-2007 година за доброто на оваа земја. Не е нормално, 23 години ме држеа во затвор, денес имам 40 години – се пожали на социјалната мрежа ТикТок за овој случај.

За првото бегство од затвор рече дека го користел прозорецот од бањата во затворот во Митровица. Хајризи потоа беше уапсен од војниците на КФОР. Како што кажа и самиот, по вторпат побегнал од затворот во Приштина, додека еднаш побегнал од воена база. Во 2012 година Хајризи избегал од затворот во Призрен качувајќи се на ѕидот на затворот и преминувајќи ја оградата од бодликава жица. Тој бил уапсен по полициска акција.

Во јули 2007 година, избегал од затворот Дубрава, заедно со уште шест затвореници, осудени за тешки кривични дела. Откако ги поминале затворските огради, ги чекале други лица кои почнале да пукаат кон затворските чувари. По истрагата, уапсени се дел од вработените во затворот Дубрава и некои други лица кои биле осомничени дека помагале во бегството.

Неколку месеци по бегството, во септември 2007 година, во Глоговац имало вооружен грабеж, каде четири вооружени и маскирани лица ограбиле златара и застрелале двајца полицајци и сопственикот на продавницата додека бегале. Вредноста на украденото злато била околу 63.000 евра. Во продолжение на потрагата по бандити, во село Брузник-Вучитрн, полициската патрола се обидела да го запре сомнителниот автомобил. Осомничените од тој автомобил пукале кон полицијата и со огнено оружје раниле двајца полицајци и успеале да избегаат пеш.

Фатон Хајризи денеска беше ликвидиран во Бања Ковиљача, а при ликвидацијата испукал цел шаржер куршуми кон припадниците на српската полиција, одбивајќи да се предаде. Погребот на полицаецот Никола Крсмановиќ, кој беше убиен од Хајзири, ќе се одржи утре, а министерот Дачиќ денеска го посети и ранетиот полицаец.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ